ВИДЕО | Уште една мистериозна смрт на познат руски бизнисмен! Камерата снимила застрашувачки момент: Милионерот скокнал со подобран од 4.000 метри, но тоа што се случило е многу чудно!

Познатиот руски бизнисмен Сергеј Циганов (52 г.) неодамна загина при скок со падобран кај Коломна во Москва

Камерата го снимила застрашувачкиот момент кога сопственикот на фармацевтска компанија и медиумски магнат загинал во мистериозна несреќа со падобран. На видеото објавено на профилот „SHOT“ на социјалната мрежа Телеграм се гледа како падобранец паѓа на земја со голема брзина додека падобранот се чини дека е само делумно отворен.

Милионерот итно бил префрлен во болница во критична состојба, но не можел да се спаси. Локалните медиуми објавија дека Сергеј Циганов, искусен падобранец, отпатувал во Москва специјално за скокот. Тој скокнал од хеликоптер Mi-8 кој полетал од аеродромот во Коробчево. Според информациите на руските медиуми, хеликоптерот бил на 4.000 метри над земјата кога Сергеј Циганов скокнал.

Покрената е истрага за инцидентот. Сергеј Циганов, родум од Рјазан, бил директор на медицинските клиники „Инвитро“ во таа област. Претходно, тој поседувал неколку радио станици, а во неговиот роден град живеел со сопругата и малиот син.