12-годишно девојче завршило во болница откако дрво паднало врз неа поради силното невреме во Нови Сад, а ветерот соборил и човек на мотор – невремето во Србија направи вистински хаос!

Невремето претходниот ден го зафати и Нови Сад, а како што изјавил д-р. Зоран Круљ, портпарол на Итната помош во Нови Сад за соседните медиуми, на две лица им е укажана помош.

Во 19 часот и 38 минути екипа на Итна помош интервенирала на улицата ‘Каќе Дејановиќ’ кога дрво паднало врз 12-годишно девојче. Во свесна состојба била пренесена на Одделот за детска хирургија“, изјавил д-р. Зоран Круљ за српските медиуми.

Дополнително, Итната помош отишла и во населбата Булевар Евопра, каде укажала помош на маж. Невремето го исфрлило од моторот, а мажот бил пренесен во болница.