ВИДЕО | СТРАШНА НЕСРЕЌА – Рингишпил буквално се ‘скршил’ на половина: Погледнете ги вознемирувачките сцени, повредени 12 мали деца

Во ставична несреќа во паркот во Оренбург повредени се 20 лица, меѓу кои 12 деца, а 12 жртви се итно пренесени во болница, од кои една жена е во критична состојба, а едно дете е во тешка состојба. Останатите повредени се во средно тешка состојба, соопшти прес-службата на Министерството за здравство на Русија, објави руската државна агенција РИА Новости.

Несреќата во рингишпилот се случила во саботата, на 6. мај, во паркот „Оренпарк“, кога структурата буквално се подели на половина за време на возењето.

Според последните податоци, повредени се 20 лица, меѓу кои и деца, од кои 15 се хоспитализирани. Од кабинетот на градоначалникот соопштија дека падот на рингишпилот е поради дефект на механизмот.

Според оперативните податоци, како резултат на инцидентот во ‘Оренпарк‘, повредени се 20 лица, од кои 12 деца, осум лица се упатени на амбулантско лекување. Во болниците во Оренбург се хоспитализирани 12 лица, меѓу кои шест деца. Сите пациенти се прегледани“, се наведува во соопштението до јавноста.

Се појаснува дека една жена со повеќе повреди се наоѓа во критична состојба на одделението за интензивна нега. Во тешка состојба е и 10-годишно дете, исто така е на интензивна нега, додаваат од прес-службата, објавуваат руските медиуми.

На одделенијата за траума се лекуваат уште десет пациенти во умерено тешка состојба, објаснуваат од Министерството за здравство на Русија.