Сува трева и стрниште гореле во Старо Нагоричане и Липково

 Околу пет хектари сува трева, вчера гореле во Старо Нагоричане во атарот на село Војник, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане.

– Интервениравме со една екипа, од 16 до 17.30 часот, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане Далибор Трајковски

Кумановската противпожарна единица, пак, интервенирала во Ваксинце липковско каде било опожарено стрниште околу 20.30 часот. Пожарот бил изгаснат по еден час. На улицата „11 Ноември“, горелo дрво-елка.