Унгарскиот премиер ја критикуваше политиката на санкции на ЕУ кон Русија

 – Критикувајќи ги санкциите на Европската Унија (ЕУ) против Русија, унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека „политиката на санкции на ЕУ едноставно не функционира“.

„Не е разумно воведување пакет санкции по 11-ти пат со надеж дека исходот ќе биде различен“, рече денес Орбан на Катарскиот економски форум.

По почетокот на војната меѓу Русија и Украина во февруари 2022 година, западниот свет, особено Европа, се обидува да ја парализира руската економија со воведување санкции, како што се забрани за извоз и за обезбедување стратегиски производи.

Орбан нагласи дека наместо вмешување во војната, треба да се запре ескалацијата.

Тој, исто така, рече дека Унгарија има нуклеарна централа која се заснова на руска технологија, и дека земјата мора да користи руска технологија бидејќи користењето друга е премногу ризично.