Поради еден потег: Бен Афлек се плаши дека Џенифер Лопез ќе му ја уништи кариерата

Бен Афлек наводно се плаши дека Џенифер Лопез ќе му ја уништи кариерата.

Имено, како што тврди извор близок до актерот, Афлек верува дека згрешил со тоа што се приклучил на филмот на Џенифер Лопез „This Is Me…Now“. Станува збор за нејзиниот биографски филм, кој е романтичен, а е инспириран од повторното обединување со Бен Афлек.
Така, извор изјави за списанието Heat дека Афлек не е премногу уверен во тоа како ќе изгледа филмот.

“Постои многу реален ризик овој филм да не ја добие реакцијата на која се надеваше. Бен се жалеше на пријателите дека ова може да заврши како филм “Gigli 2.0″”, рекол изворот.

Инаку, романтичната комедија „Џигли 2.0“ од 2003 година, во која Бен Афлек и Џенифер Лопез првпат се сретнаа и соработуваа, не помина најдобро на бокс офисот, а критичарите го нарекоа најлошиот филм на векот.

„Тој ќе биде особено засрамен со оглед на кариерата што ја изгради и колку сериозно ги сфаќа своите проекти. Се плаши дека направил огромна грешка со вклучувањето и дека неговите стравови предизвикуваат тензија во нивниот брак“, додаде тој.

За потсетување, популарната двојка ја обнови својата романса во 2021 година по речиси две децении, а се венчаа следната година. Меѓутоа, во последната година фоторепортерите често ги сликаат кога се нерасположени, па се сомнева дека имаат проблеми во бракот.