СНИМКА ОД ТЕПАЧКАТА НА НАВИВАЧИТЕ ВО АТИНА: Хулиганите на Динамо од Загреб направија тотален хаос, кршеа се пред себе! Убиен навивач на АЕК

Навивачите на Динамо Загреб предизвикаа жестоки нереди во грчката престолнина пред натпреварот меѓу АЕК и Динамо во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Иако УЕФА го забрани присуството на гостински навивачи, околу 200 симпатизери на Динамо дојдоа во Атина и направија тотален метеж.

Хулиганите дојдоа на стадионот на АЕК и почнаа да кршат се во ред и да напаѓаат луѓе кои случајно се нашле таму. Тие се обиделе да упаднат на стадионот и во таа прилика го оштетиле челичниот орел на влезот.

Ситуацијата целосно излегла од контрола, настанала жестока тепачка во која се повредени неколку лица. Наводно, 10 лица, меѓу кои Грци и Хрвати, завршиле во болница, а некои биле донесени во тешка состојба. Грчките медиуми јавија дека починал 29-годишниот навивач на АЕК, кој се здобил со убодна рана со остар предмет.

Се шпекулира дека животот го загубил и малолетник, но се уште нема потврда.