ВИДЕО | СТРАШНА СНИМКА ОД УНИШТЕНОТО СЕЛО АНДРЕЕВКА – Војниците под опсада кренале раце и почнале да се предаваат, но потоа одекнала силна експлозија
Припадниците на вооружените сили на Украина објавија нова снимка од битките за Андреевка кај Бахмут.
Видеото објавено од членовите на 3-та јуришна бригада на социјалната мрежа Телеграм, наводно, ги прикажува последните битки за стратешки важно село кое се наоѓа јужно од Бахмут, за кое со месеци се водат крвави битки. На снимката се гледаат изгорени дрвја и дека од селото не останало ниту еден камен, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.
„Минофрлачкиот оган беше се поблиску и поблиску. Ударните одреди, сепак, продолжија да го напаѓаат непријателот на средината на бојното поле, кое вриеше од Руси“, се вели во соопштението.
На социјалните мрежи кружи и застрашувачко видео на кое се гледа голема експлозија која наводно се случила во Андреевка додека група руски војници им се предале на украинските сили, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.
Засега не е јасно дали еден од опколените руски војници активирал експлозивна направа или, како што неофицијално тврдат украинските канали, долетала граната испукана од руските позиции.
Засега ниту една страна не даде официјална изјава во врска со видеото.
Украина во петокот објави дека ја освоила Андреевка, стратешко место за понатамошен напредок во контраофанзивата, велејќи дека тоа е отскочна даска за опкружувањето на Бахмут. Истиот ден, претседателот Володимир Зеленски го пофали успехот на 3-тата јуришна бригада.
Се огласи и Русија и изјави дека украинските тврдења дека Андреевка е освоена не се точни. Министерството за одбрана на Русија објави дека Украина неуспешно се обидела да ги истисне руските сили од градот.