ВИДЕО | СТРАШНО – Се активираше еден од најголемите вулкани, десетици илјади луѓе веќе се евакуирани: “Кога го видов тоа, мислев дека доаѓа крајот!“

Најактивниот вулкан на Филипините, Мајон, висок 2.462 метри, повторно исфрли лава во понеделникот, поради што властите предупредија десетици илјади селани да бидат подготвени да ги напуштат своите домови доколку благата ерупција се претвори во моќна и опасна по живот.

Повеќе од 13.000 луѓе веќе ги напуштија претежно сиромашните земјоделски заедници во радиус од шест километри од кратерот на планината Мајон, откако вулканската активност се зголеми минатата недела.

Вулкан Мајон, Филипини

Со мојата 75-годишна мајка, која неодамна имаше мозочен удар, во четвртокот го напуштив мојот дом од опасната зона во градот Гинобатан. Засолниште побаравме во гимназијата, која сега е центар за евакуација. Мојот внук секој ден оди во загрозената област за да ги нахрани животните на фармата. Кога го видов тој застрашувачки момент, помислив дека доаѓа крајот“, изјавила Мерлин Миранда за The Guardian.

Мајон е еден од 24-те активни вулкани на Филипините. Последен пат насилно избувна во 2018 година, а во 1814 година ерупцијата затрупа цели села и наводно убила повеќе од 1.000 луѓе.