Силен земјотрес ја погоди соседна Србија: “Добро се тресеше околу пет секунди!“

Србија денес беше силно погодена. Епицентарот на земјотресот бил недалеку од Крушевац со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, потврдилте од за Републичкиот сеизмолошки завод за соседните медиуми.

Како што објавија српските медиуми, епицентарот на земјотресот бил на 20 километри северно од Крушевац.

Според информациите од веб-страницата EMSC, земјотресот бил силен.

Се слушна чуден звук и тресеше силно“, напишал еден корисник.

Добро се тресеше околу пет секунди“, гласи друг коментар на веб-страницата.

Засега нема информации за пријавена штета.

Земјотрес вчера беше забележан и околу Крушевац, но со послаб интензитет од денешниот.