ВИДЕО | Протече снимка од Александар Вучиќ како се пијанчи со Воислав Шешељ, а песната која оди во позадина предизвика лавина од реакции: “Ова е вистински срам!“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е снимен како пие на маса покрај Воислав Шешељ, осуден воен злосторник, пренесуваат соседните медиуми.

На видеото се гледа како Александар Вучиќ седи на иста маса со Воислав Шешељ на свадба, а во позадина се слуша песна во која се величи четничкиот војвода Павло Ѓуришиќ. Не е јасно кога е направена снимката и за каква прослава се работи, но се вели дека станува збор за свадбата на синот на Воислав Шешељ.

Ваквата постапка на Александар Вучиќ ја осуди белградскиот адвокат Чедомир Стојковиќ, а видеото го објави на социјалната мрежа Твитер пишувајќи дека е „срам на човештвото“ што Александар Вучиќ пие со воен злосторник.

Тоа што се опива со него додека слуша песна во која се слави Павло Ѓуришиќ, четник чии единици извршиле злосторства за време на Втората светска војна, а подоцна тој лично се здружил со единиците на НДХ и конечно, во операцијата ‘Вајс‘ во 1943 година, се вклучил во редовите со нацистичките сили да го нападнат нашето население, е друга работа, која секој што сакаше можеше да ја знае. Тоа што оваа песна ја има примитивната мелодија на воените единици кои го извршија геноцидот во Сребреница е третата работа“, напиша адвокатот во објавата на социјалната мрежа.