ВИДЕО | ‘Султанот’ му ‘заби нож во грбот’ на Владимир Путин – Реџеп Таип Ердоган јасно порача: “Украина заслужува членство во НАТО!“

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Украина го заслужува членството во НАТО.

CNN објави дека тој тоа го изјавил по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Истанбул, за кои Русија кажа дека внимателно ги следела.

Американската телевизија објави дека Володимир Зеленски ја поминал изминатата недела во обиколка на земјите-членки на НАТО и барајќи поддршка пред самитот на Алијансата следната недела во Литванија, каде што се очекува земјите-членки да потврдат дека Украина на крајот ќе се приклучи на НАТО.

Без сомнение, Украина заслужува да биде во НАТО“, нагласил Реџеп Таип Ердоган.

Реџеп Таип Ердоган и Володимир Зеленски
Реџеп Таип Ердоган и Володимир Зеленски

СNN објави дека Володимир Зеленски на заедничката прес-конференција со Реџеп Таип Ердоган рекол дека е „среќен што слушнал“ дека Турција ги поддржува напорите на Украина да се приклучи на НАТО.

CNN потсетува дека Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, изјавил дека Кремљ „се разбира, многу внимателно ќе ги следи овие преговори“.

Ги одржуваме нашите конструктивни, партнерски односи со Анкара и ги цениме тие односи и чувствуваме реципроцитет од турска страна“, соопшти Кремљ пред средбата меѓу Реџеп Таип Ердоган и Володимир Зеленски што се одржа во петокот во Истанбул.