ВИДЕО | Човек-монструм киднапирал 12-годишна девојка на пат кон училиште – педофилот ја ‘спакувал’ и влечел во куфер до неговиот стан!

Бразилската полиција го уапсила Даниел Мораес Битар (42 г.), осомничен педофил во чиј стан полицијата пронашла 12-годишно девојче со врзани нозе на креветот.

The Sun објави дека Даниел Мораес Битар е осомничен дека киднапирал девојче на 28. јуни напладне на пат кон училиште во Луизијана.

Ја онесвестил и ја ставил во куфер и ја однел во блискиот град Бразилија.

педофил, Бразил
Даниел Мораес Битар

Таму, на снимките од надзорните камери, тој е снимен како влече куфер со жртва во несвест во неговиот стан за да ја силува.

Полицијата смета дека на Даниел Мораес Битар во извршувањето на ова грозоморно злосторство му помагала Гесиел Соуза Виеира (23 г.).

Даниел Мораес Битар и таа биле забележани како дв апати го возат автомобилот околу училиштето на девојчето, по што тој излегол од автомобилот и на лицето на девојчето ставил крпа натопена со хлороформ.

Откако изгубила свест, Даниел Мораес Битар ја ставила на задното седиште од автомобилот и се оддалечил, а децата кои случајно се нашле во близина и виделе се, пријавиле во полиција.

Човекот вечерта бил уапсен, а тој самиот признал дека девојката била во неговиот стан. После тоа полицаецот го прашал зошто е таму, зошто ја киднапирал и што и направил на девојката.

Едноставно е таму, уште ништо не сум и направил“, ладнокрвно одговорил тој.

Во неговиот стан полицијата пронашла пиштоли, камери, порнографски материјал и литар хлороформ. Детективите откриле и дека човекот на социјалните мрежи објавувал пораки во кои наводно ја осудува педофилијата.

Ден по апсењето човекот добил отказ од „Банко де Бразилија“ каде работел како ИТ техничар.