ВИДЕО | СЕРГЕЈ ШОЈГУ ВО ‘АКЦИЈА’! Министерот за одбрана на Русија на 500-тиот ден од војната со Украина гледал како неговата Армија работи на терен

Сергеј Шојгу, министерот за одбрана на Русија, ги посети полигоните за огнена обука во Јужниот воен округ.

Сергеј Шојгу
Сергеј Шојгу

Медиумската агенција ТАСС пренесува соопштение од Министерството за одбрана на Русија дека Сергеј Шојгу извршил увид во борбената обука на новоформираните воени единици.

Министерот за одбрана изврши увид во обуката, часовите по возење и вежбите за гаѓање во живо што ги изведуваат екипажите на тенковите Т-90. Тие екипажи беа обучени и на современи интерактивни симулатори, кои им овозможуваат да ги вежбаат сите елементи на борбената обука“, се вели во соопштението до медумите.

Во соопштението се наведува и дека Сергеј Шојгу лично ја надгледувал обуката на војниците со договор за изведување борбени операции во различни средини и на различни терени, вклучително и борба во урбани услови.

Сергеј Шојгу
Сергеј Шојгу

Сергеј Шојгу ја извршил инспекцијата на 500-тиот ден од војната во Украина.

На овој ден од војната, украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети Змискиот остров во Црното Море, кој стана познат по проклетството што неговите бранители го упатија кон руски воен брод на самиот почеток на војната во Украина.