(Видео) Сцена како од скриена камера: Роглич ја промаши целта, но ниту тоа не го спречи да победи

Видовме неверојатна сцена на стартот на Ицулија Баскија, трка низ Баскија, а во центарот на вниманието беше еден од најдобрите велосипедисти во светот, Примож Роглич.

Словенецот славеше на индивидуалниот хронометар возен низ улиците на Ирун, со што започна 63-тото издание на Ицулија Баскија.

Делницата од 10 километри, Роглич ја помина со едно категоризирано искачување за 12 минути и 34 секунди, а неговото време можеше да биде подобро доколку не ја промаши целта.

На самиот крај на делницата, наместо да сврти кон целта, Роглич тргна по сервисниот пат каде што одат автомобилите и моторите што ги придружуваат велосипедистите.

За среќа, набрзо сфатил дека направил грешка, застанал и се вратил назад, губејќи десет секунди во процесот.

Второто место го освои Австралиецот Џеј Вајн, кој целта мина со седум секунди помалку време.

На овој начин Роглич ја оствари првата победа во дресот на германскиот тим Бора-хансгрое, на кој оваа сезона и се приклучи од холандската Висма.

Возејќи за Висма осум години, Роглич беше трикратен победник на шпанската Вуелта и победник на минатогодишното издание на италијанското Џиро.

Ова е негова 81. победа во кариерата, а петта етапна победа на трката во Баскија, во која двапати беше вкупен победник (2018 и 2021 година).

Велосипедистите имаат уште пет етапи во Баскија, а денес ја возат делницата долга 160 километри од Ирун до Канбо.