ВИДЕО | СЦЕНА ОД ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР ВО КРАГУЕВАЦ Е ХИТ – Светот се прашува како е ова можно – погледнете го теренот

Фудбалерите на Крагуевац Раднички доживеаја тежок пораз од Нови Пазар како домаќини.

Натпреварот од 16. коло од српската Супер Лигата кој се одигра во недела на 26. ноември, неколку дена подоцна на социјалната мрежа Х (Твитер) стана вирална сцената која беше видена на ТВ преносот.

Видеото заврши на популарната страница „Фудбал без контекст“, која има близу четири милиони „следбеници“ и за 12 часа е прегледано близу 600.000 пати.

Делови од Србија се во голема мера побелени од снегот што падна во Крагуевац, а тоа се случи второто полувреме од натпреварот.

Теренот и трибините беа целосно бели, а многумина се прашуваа како може да се игра фудбал во такви услови.

Замислете да загубиме 4:0 поради ова“, е коментарот кој се појави и веројатно ги опишува маките на локалните фудбалери, а како изгледаше теренот и играта можете да погледнете ОВДЕ.