ВИДЕО | “Таа е манипулаторка, ме врти на малиот прст!“ – Новак Ѓоковиќ си ја отвори душата пред новинарите во Њујорк и зборуваше за неговото семејство: “Се топам кога ме прегрнува“
По триумфот над хрватскиот тенисер Борна Гоја (3:0) и пласманот во четвртфиналето на УС Опен, најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ беше одлично расположен на прес-конференцијата.
По натпреварот, Новак Ѓоковиќ трпеливо одговарал на бројни интересни прашања на новинарите, а допрел многу теми кои не биле конкретно поврзани со самиот натпревар, а посебно внимание привлече неговиот искрен и емотивен одговор на прашањето за неговите деца, Тара и Стефан.
Имено, еден новинар го прашал Новак Ѓоковиќ дали е вистина дека татковците повеќе се врзуваат за ќерките, а мајките за синовите. На ова следел исклучително интересен одговор од српскиот тенисер:
„Веројатно би можел да го потврдам тоа. Не во контекст дека ја сакам ќерка ми повеќе од син ми. Ги сакам на посебен начин, тоа е неизмерна љубов, не може да се спореди со ништо. Почувствителен сум на неа, се топам кога ме гушка, а таа е мал манипулатор, ме врти околу малиот прст, а Стефан е поинаков, чувствувам дека мојата улога како татко е да го подготвам, да бидам одговорен човек, да се носи со животниот предизвик и да формира идно семејство“.