ВИДЕО | Татко и приредил едноставно изненадување за роденденот на својата ќерка, таа заплака од среќа

Речиси и да нема дете кое не го чека својот роденден, па дури и да доживее убаво изненадување во текот на тој ден, сигурно ќе создаде спомени за цел живот.

Гестот на еден татко по повод роденденот на неговата ќерка трогна милиони. Имено, Џон Карл Песа решил да ја изненади својата ќерка со роденденска песна во едно кафуле.

Кога стигнале во кафулето, девојчето веројатно не очекувала големо изненадување, но потоа дошле тројца келнери со послужавник на кој пишувало „Среќен роденден“, а на страна имало прскалка.

Тогаш сите почнаа да ја пеат роденденската песна. Изненадувањето беше многу едноставно, но девојчето беше воодушевено. Прво за момент била во шок, а потоа дотрчала кај тато, плачела и го прегрнала.

Сцената допре многу корисници на TikTok, а видеото собра повеќе од 82 милиони прегледи и 14 милиони лајкови.