ВИДЕО | ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ШТИП – КОЧАНИ! Локалните медиуми објавија: “Има и жртви, сообраќајот е во прекин!“

Тешка сообраќајка на експерсниот пат Штип Кочани се случила денеска, пишува веб-порталот faktor.mk.

Како што објави штипската локалната телевизија М Нет, во сообраќајната несреќа има и жртви.  Веста за несреќата и кратко видео од местото на несреќата телевизијата ги објави на својот Фејсбук профил. 

Дел од состојбата на патот може да погледнете и сами ОВДЕ.

Се огласија и од Автомото сојузот на Македонија, од каде накусо соопштуваат дека од 12:50 часот во прекин е сообраќајот на експресниот пат Штип Кочани.

Како што информира АМСМ, сообраќајот е во прекин поради сообраќајна несреќа.

Дополнително дознаваме дека во несреќата животот го загубил возачот кој управувал со пикап-возилото. Целата вест можете да ја прочитате ОВДЕ.