ВИДЕО | ТОТАЛЕН ХАОС ВО АТИНА – Прекинато најголемото грчко дерби! Навивачите на Олимпијакос ги испратија фудбалерите на Панатинаикос во болница

Најголемото грчко дерби помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос беше прекинато во 53. минута.

Панатинаикос поведе во првото полувреме на стадионот „Караискаки“, а кога домаќините израмнија на почетокот на вториот дел, а притоа дојде до големо славје.

За време на прославувањето се повреди фудбалерот на Панатинаикос, Хуанчар, па мораше на носилки да биде изнесен од теренот, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Италијанскиот судија Паоло Мареска потоа го прекина натпреварот и ги испрати играчите во соблекувалната.

Пред ова коло Олимпијакос беше прв со 19 бодови, ПАОК и АЕК имаа по 17, а Панатинаикос 16.