ФОТО | Новак Ѓоковиќ ги крсти своите деца во манастирот Острог: Патријархот на СПЦ ја извршил церемонијата

Тара (6 г.) и Стефан (9 г.), децата на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се крстени во манастирот „Острог“ во Црна Гора.

Церемонијата ја извршил патријархот Порфирије, во присуство на членови на семејството Новак Ѓоковиќ и неговите кумови.

Како што налагаат обичаите, Тара и Стефан биле облечени во бела облека, а моментот на нивното крштевање можете да го погледнете ОВДЕ.

Кум на Новак Ѓоковиќ е Невен Марковиќ, поранешен фудбалер кој израснал со тенисерот во Бањица.