ВИДЕО | Трик за најпопуларна фризура за лето: Еве како сами да си направите Барби фризура

Филмот „Барби“ во режија на Грета Гервиг пристигна во кината ширум светот и на нашите простори, а со тоа и Барбиеманија.

На секој чекор можете да видите комбинации инспирирани од најпознатата кукла на светот, трендот на барбикор е посилен од кога било, а сега се врати уште еден детал од изгледот на Барби, кој е неспоредлив во текот на летната сезона.

Станува збор за фризура позната како Барби-апдо, одличен начин да изгледате тренди додека сте удобно на високите летни температури. Овој стил ќе ви даде многу волумен, вашата коса ќе изгледа заносно и погусто, а ако на тоа додадете розев стајлинг – подготвени сте за вашата сезона на барби.

Најдобро од сè е тоа што се прави брзо и лесно, а за да го направите тоа не ви требаат ниту посебни вештини.