Три лица загинаа, а најмалку 10 се повредени во денешниот утрински напад со дрон на руските сили врз украинскиот регион Одеса, јави украинската Јужна команда.
Во нападот била погодена висококатница, предизвикувајќи пожар што е изгаснат. Експлозивниот бран ги оштетил и околните станбени згради.
Руските сили користеа беспилотни летала од иранско производство во нападот врз регионот, а сите беа уништени од украинските сили, се наведува во извештајот.
Официјални лица се уште ги потврдуваат дополнителните детали за нападот