ВИДЕО | Убава арапска новинарка објави наводна снимка од разговор со Кристијано Роналдо, а поради тоа и се закануваат со тужба: “Ова е најдобрата грешка досега!“
Низ социјалните мрежи се шири снимка од наводен разговор помеѓу фудбалерот Кристијано Роналдо и арапската новинарка Халима Боланд.
Халима Боланд тврди дека Кристијано Роналдо случајно и се јавил додека се обидувал да повика еден од неговите соиграчи во хотелот, а таа на својот профил на социјалната мрежа Snapchat објавила снимка од разговорот.
Во разговорот наводно Кристијано Роналдо се извинил за погрешниот повик, но новинарката била воодушевена од истиот.
„Ова е најдобрата грешка на светот“, му порачала таа на славниот фудбалер.
По објавувањето на снимката, почнаа да кружат информации дека се работи за вештачки создаден глас од другата страна кој не е вистинскиот на Кристијано Роналдо и дека овој разговор воопшто не се случил.
Арапските медиуми пренесуваат дека на Халима Боланд и се заканува тужба од Ал Наср, клубот на Кристијано Роналдо. На видеото после тоа Халима Боланд објави уште еден наводен разговор, но овој пат Кристијано Роналдо наводно ја поканил новинарката на вечера после тренингот.