ВИДЕО | “УБИЕНИОТ“ РУСКИ АДМИРАЛ НА СРЕДБА СО СЕРГЕЈ ШОЈГУ !? Пресврт на настаните по нападот на Севастопол: Русите тврдат дека е жив, а како доказ објавија и снимка
Командантот на руската Црноморска флота, адмирал Виктор Соколов, чија наводна смрт ја објавија украинските и светските медиуми, присуствуваше на денешната седница на Комитетот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, тврди руската медиумска агенција РИА Новости.
Руските медиуми како доказ прикачија видео од средбата, тврдејќи дека на него се гледа како Виктор Соколов го слуша обраќањето преку видео врска. Автентичноста на видеото не е потврдена независно, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.
Состанокот се одржал во Москва под претседателство на министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
Украина минатата недела изврши ракетен напад врз Севастопол на Крим.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека системите за против-воздушна одбрана собориле пет проектили.
Според информациите на руските медиуми, во тој напад беше оштетена зградата на седиштето на Црноморската флота, а еден војник исчезна.
Командата на силите за специјални операции на вооружените сили на Украина на својата страница на социјалната мрежа Телеграм по ракетниот напад објави дека загинале 34 офицери, меѓу кои и командантот на Црноморската флота Виктор Соколов.