ВИДЕО | УЖАСНИ ИНФОРМАЦИИ – Последниот танц на младата Германка киднапирана од терористите на Хамас: “Одбила да служи војска, а тие ја убиле и ја соблекле гола“

Шани Лук, Германка во раните 20-ти години од животот, безгрижно се забавувала со пријателите на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на Кибуц Реим во јужен Израел, не знаејќи дека танцот фатен на камерата ќе и биде последен во животот.

Неколку моменти подоцна, девојката е фатена од терористите на Хамас и масакрирана заедно со 259 други членови на фестивалот за време на нападот во саботата врз Израел.

@dailymail

Tattoo artist Shani Louk, was a tattoo artist whose naked body was paraded by Hamas terrorists after they slaughtered 260 Israelis at a festival was a peace campaigner. #fyp #hamas #israel #palestine #military #jerusalem #negevdesert

♬ original sound – Daily Mail

Младата девојка потоа била соблечена гола од истите овие „борци“ и таква ја прошетале низ улиците со нејзиното безживотно тело.

Застрашувачкото видео го прикажува нејзиното голо тело во задниот дел на еден пик-ап, со едната нога стои во неприродна положба, додека таа е опкружена со четворица терористи на Хамас кои извикуваат „Алаху Акбар“.

Нејзиното семејство сè уште очајно се надева дека Шани Лук е жива и покрај снимката од нејзиното тело.

Нејзината тетка Орли Лук изјавила за германскиот весник Der Spiegel дека Шани Лук, која пораснала во Израел, но имала германски пасош, била пацифист и одбила да служи војска, која е задолжителна за Израелците, поради нејзините ставови – додавајќи дека за тоа и помогнал нејзиниот германски пасош.

Во меѓувреме, мајката на Шани Лук, Рикарда, објавила потресно видео во кое моли за помош за да открие што се случило со нејзината ќерка.

Утринава мојата ќерка Шани Никол Лук, германски државјанин, беше киднапирана од палестински Хамас со група туристи во јужен Израел. Ни беше испратено видео каде јасно ја видов нашата ќерка онесвестена во автомобил со Палестинци кои возат во Појасот Газа. Ве молиме испратете ни каква било помош или какви било новости. Ви благодарам многу“, вели таа, држејќи фотографија од Шани Лук на мобилниот телефон.

Хамас тврдеше дека телото на видеото е сопруга на израелски војник – но минатата ноќ Томасина Вајнтрауб-Лук потврди дека тоа е Шани Лук, откако ги препозна нејзините тетоважи на нозете.

Се надеваме на позитивни вести. Дефинитивно е Шани Лук. Таа беше на музички фестивал за мир. Ова е ноќна мора за нашето семејство“, изјавил нејзиниот роднина.

Томасина Вајнтрауб-Лук вели дека таа и другите членови на семејството очајно се обидувале да стапат во контакт со девојката како и со нејзиното момче од Мексико, но не можеле да дојдат до нив.

Нејзините родители велат дека не се слушнале со нивната ќерка од телефонскиот повик рано наутро во саботата, веднаш откако Хамас ги лансираше своите први ракети.

Во меѓувреме, нејзиното семејство добило информација од банката дека кредитната картичка на девојката била користена во Појасот Газа.

Музичкиот фестивал на кој присуствуваше Шани Лук беше едно од првите места кои беа нападнати од терористичката група.

Оние кои го преживеаја нападот објавија видео-снимки од нивното искушение на социјалните мрежи, покажувајќи како биле принудени да се кријат во грмушки и да снимаат тивки проштални пораки до своите најблиски додека ги гледале жртвите убиени една по една.