КОЈ ЌЕ ИМА КОРИСТ, ЏО БАЈДЕН ИЛИ ДОНАЛД ТРАМП !? Роберт Кенеди Јуниор влегува во трката за претседател на САД како независен кандидат

Роберт Ф. Кенеди, според предвидувањата на политичките прогнози, не може да стане 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави (САД) и пред да ја објави својата намера да влезе во трката како независен кандидат пред своите симпатизери во Филаделфија.

Сепак, прогнозерите пресметуваат дали независната кандидатура на Роберт Ф. Кенеди ќе му помогне или ќе му наштети на претседателот Џо Бајден, кој се кандидира за втор мандат, или поранешниот претседател Доналд Трамп, фаворит за номинација на Републиканската партија. Во клучните, таканаречени „свинг“ држави како Пенсилванија, независен кандидат може да има значително влијание врз исходот од претседателската трка.

Роберт Ф. Кенеди изјави дека неговата кампања ќе биде независна од големите технолошки, фармацевтски, земјоделски и воени компании, лобистите, „платените медиуми“ и „двопартискиот систем“.

Во поларизирана земја, корумпираните власти лесно можат да манипулираат и контролираат и да и го одземат богатството, слободите, правдата, достоинството“, порача Роберт Ф. Кенеди во понеделникот додека поддржувачите ракоплескаа и држат знаци – „Кенеди 24“.

Роберт Ф. Кенеди може да очекува внимателно испитување од демократите, кои ја научија лекцијата во 2016 година кога Џил Стајн, кандидатот на Зелената партија, освои 49.941 глас во Пенсилванија, каде Доналд Трамп ја победи демократката Хилари Клинтон за 44.292 гласа повеќе.