ВИДЕО | УЖАСНО – Милионер убиен среде улица во центарот на Лондон! Полицијата објави вознемирувачка снимка од насилството на која се гледа како пијан човек му задава смртоносен удар

Весникот Scotland Yard денес објави вознемирувачко видео на кое се гледа како насилник фатално удира познат милионер на сред улица.

На страшната видео-снимка се гледа како Стив Алан двапати го удира богатиот британски банкар Пол Мејсон (52 г.). По третиот удар, милионерот удрил со глава во тротоарот и останал неподвижен додека насилникот побегнал од местото на настанот. Пол Мејсон, извршен директор на Националната банка Катар, паднал во кома и починал шест месеци подоцна во болница.

35-годишниот Алан на крајот бил ослободен од обвинението за убиство. Тој бил осуден на 36-месечна затворска казна откако го признал убиството од небрежност по нападот во декември 2020 година кое се случило пред добро познат лондонски клуб.

Казната го налутило семејството Мејсон, кое ветило дека ќе поднесе жалба на затворската казна на Алан. Сестрата на Мејсон, Рејчел ја поздрави одлуката на весникот кој ја објави видео-снимката јавно.

Како може ова да не е убиство ? Алан два пати го удри брат ми со таква жестокост што никогаш повеќе не можепе да стане. Нивото на насилство прикажано на видеото е јасно. Тоа не беше еден удар, напротив, тоа беа повеќе удари откако Пол бил соборен на тротоарот. Како ние како општество станавме десензибилни за такво насилство ? Навистина се надевавме дека Алан ќе добие доживотна казна затвор, но мораме да се обидеме да ја прифатиме одлуката на судот поради нашата сопствена разумност. Тој доби само три години, од кои само 15 месеци ќе одлежува зад решетки. Цврсто веруваме дека е претерано попустливо”, изјавила Рејчел за весникот.

Надзорните снимки ја покажуваат жестокоста на нападот додека Алан го удира Мејсон три пати, два пати додека тој веќе бил на бетонот обидувајќи се да застане на нозе.

Видео-снимката беше објавена денес од лондонската полиција со дозвола на семејството Мејсон за да се истакне разликата во казнувањето и нивото на насилство и агресија покажано врз банкарот.

На кобниот 15. декември 2020 година, Пол Мејсон бил со двајца пријатели во ексклузивниот клуб „I we“ каде што е дозволен влез само одбрани членови. Кога го напуштил клубот, му помогнал на својот пријател да влезе во црно такси пред да тргне кон раскрсницата каде што бил нападнат.

Алан пиел во голем број барови кога налетал на Мејсон и го обвинил дека му го украл мобилниот телефон на пријателот. На снимката од безбедносните камери се гледа како Алан се обидува да грабне нешто од Мејсон кој ги крева рамениците и се враќа назад.

Меѓутоа, Алан го следи и го удира со тупаници, поради што банкарот паднал на земја. Додека се обидувал да стане, Алан го удрил по втор пат, а потоа му задава смртоносен удар, поради што Мејсон ја удри главата на тротоарот.

Три медицински сестри кои не биле на должност, кои биле сведоци на нападот, се обиделе да му помогнат на Мејсон кој итно бил префрлен во болница каде докторите извршиле процедура за замена на дел од черепот со дел од титаниум. И покрај нивните напори, тој паднал во кома и починал на 4. јуни 2021 година.

Алан, кој е од Хук, Хемпшир, побегнал од местото на нападот, но подоцна и се предал на полицијата. Тој го признал убиството од небрежност, но судот во Олд Бејли го прогласи за невин за убиство.