ВИДЕО | “УЖАСНО…“ – Погледнете ја анимацијата која открива што се случило со подморницата ‘Титан’: “Тоа е спротивно на експлозија!“

По трагичната смрт на петте членови на екипажот на подморницата „Титан“, трагедија која се случила кога подморницата експлодирала на голема длабочина, се поставува прашањето што всушност е имплозија. 

Една анимација која се појави на социјалната мрежа Тик Ток се обиде да го објасни ова и е прегледана речиси 15 милиони пати.

@sincerelybootz

For educational purposes: Submarine implosion depiction #titanic #titanicexpedition #ocean #submarine #implosion

♬ original sound – Bootz

Тоа е спротивно на процесот на експлозија, велат експертите. При имплозија, објектот се урива ненадејно и многу насилно. Ненадејно намалување на волуменот на телото се јавува поради губење на внатрешниот притисок, заедно со тресок.

Катастрофалната имплозија е неверојатно брза и се случува за само дел од милисекунда“, изјавил за CNN поранешниот поморски офицер и професор на Меѓународниот универзитет во ФлоридаЕјлин Марија Марти.

Целиот објект пропаѓа пред луѓето во него воопшто да сфатат дека има проблем“, додава таа.