ВИДЕО | УЖАС – Млада девојка била брутално претепана во парк среде бел ден! Семејството во шок: “Луѓето гледаа се, не направија ништо и само снимаа!“

Откако на социјалната мрежа Твитер беше објавено видео на кое се гледа како една тинејџерка била претепана од две жени во парк, полицијата започнала истрага. Инцидентот се случил во саботата во паркот „Station Road“ во Ешби, Велика Британија, пишува Daily Mail.

На видеото може да се види како девојката по првиот удар паѓа на подот, напаѓачите ја удираат со тупаници и клоци, додека таа со рацете се обидува да си ја заштити главата. Полицијата во Лестершир била запознаена со снимката и започнала истрага.

Ова и се случи на мојата помлада полусестра викендов“, стои во описот на објавата на социјалната мрежа Твитер.

Вознемирувачкото видео можете да го погледнете ОВДЕ.

Полубратот на нападнатата девојка за Daily Mail изјавил дека нападнатата девојка во моментот на нападот била сама во паркот бидејќи одела да се сретне со пријател. Две девојки ја нападнале одзади и почнале да ја газат, удираат, плукаат, навредуваат и исмејуваат.

Луѓето само гледаа, ги охрабруваа и снимаа без ниту еден човек да и дојде на помош на жртвата. Треба да се направи повеќе за да се заштитат девојчињата и да се спречат ваквите напади. Се надевам дека сите одговорни ќе одговараат за своите постапки, вклучително и случајните минувачи и лицата кои снимаа“, изјавил тој.

Според информациите на споменатиот медиум, девојчето има повреди на главата и рацете, набиеници на рацете, нозете, грбот, како и расекотини на колената, лицето, рамената и бутовите.