Од 17 часот посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест

Поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Почнувајќи од 17.00 часот, па сѐ до завршување на протестот, за сообраќај ќе бидат затворени крстосниците: булеварот „Партизански одреди“ со булеварот „ВМРО“ во правец кон Карпош, булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Франлкин Рузвелт“ во правец кон Центар, булеварот „Илинден“ со булеварот „Св.Климент Охридски“ во правец кон Соборниот храм и булеварот „Свети Климент Охридски“ со улицата „Димитрије Чупоски“ во правец кон Соборниот храм, се појаснува во соопштението.  

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.