ВИДЕО | УЖАС – Тело на исчезната девојка (5 г.) пронајдено голо во ќеса за ѓубре! Монструм киднапирал девојче од пред нејзината куќа – Франција во шок и неверување

Малиот град Рамбервил на истокот од Франција е во целосен шок.

Во текот на вчерашниот ден исчезнало 5-годишно девојче, а нешто подоцна било пронајдено мртво во вреќа за ѓубре во стан лоциран на околу стотина метри од нејзината куќа.

Медиумите јавуваат дека за убиството на девојчето е уапсен адолесцент (16 г.) , кој според соседите наводно боледува од ментални нарушувања, пишува Le Parisien. Девојчето исчезнало од пред куќата околу 15:00 часот по локално време.

Влеговме на само пет минути да го пресоблечеме бебето и кога се вративме веќе ја немаше“, рекла мајката за тамошните медиуми.

Околу час и половина подоцна, осомничениот тинејџер повикал полиција и рекол дека штотуку го пронашол телото на девојчето пред неговата куќа. Полицијата го пронашла телото на детето во кеса за ѓубре во куќата во која живеел тинејџерот, кој потоа бил уапсен.

Телото на детето наводно било пронајдено голо, а обдукцијата ќе ја покаже точната причина за смртта и дали девојчето било силувано.

Останува да се расчистат околностите на трагедијата.

Според градоначалникот Жан-Пјер Мишел, младиот човек веќе и бил познат на полицијата поради сексуални престапи.

Ги мамел малите деца на несоодветни сексуални односи. Младиот човек бил згрижен. Пред само неколку недели тој повторно се појавил на територијата на Рамбервил, што ја загрижи полицијата“, изјавил градоначалникот на овој мал град кој се наоѓа на триесетина километри североисточно од Епинал. Меѓутоа, полицијата не успеала да го спречи злосторството.

Вирџинија, соседката на осомничениот, се согласила да сведочи за медиумите. Неговите родители веројатно се единствените кои биле во контакт со осомничениот по убиството на девојчето.

Еден млад човек дојде кај татко ми околу 14 часот и 30 минути да го праша каде може да ја стави кесата за ѓубре. Татко му му рекол, но требало да знае бидејќи тука живее нешто повеќе од еден месец“, објаснила девојката.