Нов случај на труење во Загреб: Млад човек итно примен во болница откако испил газиран пијалок

Младиот човек моментално се наоѓа на одделот за гастроентерологија

Едно младо лице попладнето било примено во КБЦ Загреб поради сомнение за хемиско труење од газирани пијалоци.

Младиот човек моментално се наоѓа на одделот за гастроентерологија.

Според Danas.hr, тој на лекарите им рекол дека пиел кока-кола.

Да потсетиме, на социјалните мрежи започна приказната за отровната вода во Хрватска, а потоа се јави и КБЦ Риека од каде што беше потврдено дека имаат пациент со хемиско оштетување на хранопроводникот.

Исто така, Кока Кола во Хрватска објави дека се работи за изолиран случај.