ВИДЕО | УКРАИНЦИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ – Во Москва одекнуваат експлозии, се крева густ чад, а аеродромот итно затворен – руската престолнина повторно нападната !?

Руската државна медиумска агенција РИА Новости на својот профил на социјалната мрежа Телеграм објави дека аеродромот „Внуково“ во Москва е привремено затворен поради дрон кој го нарушил воздушниот простор. 

Во меѓувреме, советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, на социјалната мрежа Твитер објави видео на кое се гледа густ бел чад, а во описот се наведува дека руските медиуми известуваат за експлозијата.

Подоцна, градоначалникот на МоскваСергеј Собјанин, изјави дека никој не загинал при соборувањето на беспилотното летало кое летало над градот, пишува весникот The Guardian.

Дронот се обиде да прелета над градот. Против-воздушната одбрана го елиминираше. Никој не е повреден бидејќи парчиња од дронот паднале од воздух на насипот Карамишевскаја. Не е евидентирана материјална штета. Итните служби се на лице место“, изјави Сергеј Собјанин.

Руската државна медиумска агенција ТАСС објави дека московскиот аеродром „Внуково“ е повторно отворен.