Маж упаднал во имотот на бремената Ријана – Набрзо пристигнала полиција, а тој ја имал оваа намера

Патуваше од другата страна на земјата за ова!

Непознат маж навлегол во имотот на пејачката Ријана со намера да ја запроси.

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека го уапсила провалникот кој влегол во имотот на пејачката, која потсетуваме дека е бремена, пренесува „Page Six“.

Мажот наводно патувал од другата страна на САД, од Јужна Каролина, со цел да ја запроси бремената пејачка, но поради обезбедувањето и полицијата која веднаш реагирала, не успеал. Тој упаднал во нејзиниот имот облечен во црвена тренерка со качулка, а полицијата го однела со лисици.

Меѓутоа, бидејќи не стигнал подалеку од патеката на нејзината куќа, само бил испрашуван од полицијата, а потоа пуштен. Засега не е познато и дали Ријана, која го очекува своето второ дете со ASAP Роки, во тој момент била дома.