ВИДЕО | УКРАИНЦИТЕ ПОВТОРНО ЈА НАПАДНАА РУСИЈА !? Силна експлозија во фабрика во близина на Москва – се крева густ црн чад: “Нешто полета и се слушна страшен свиреж!“
Фабрика за оптичка опрема е оштетена во силна експлозија во близина на главниот град на Русија, Москва.
Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот на експлозијата во Сергиев Посад, град на околу 75 километри североисточно од Москва, како и нејзините последици – густ црн чад над фабриката Zagorsk, која произведува оптика за проектили и авиони, помагачи за ноќно гледање, како и наочари и нишани за пушки.
„Најмалку 31 лице е повредено, а тројца се во тешка состојба“, изјави гувернерот на оваа област, Андреј Воробјов, кој додаде дека – „спасувачите бараат преживеани под урнатините“.
„Експлозијата се случи во реонот на оптичко-механичката фабрика во близина на котларница. Ударниот бран ги скрши прозорците на неколку куќи во различни делови на градот“, јави руската државна медиумска агенција ТАСС повикувајќи се на извори во службите за итни случаи.
Рускиот функционер Сергеј Пахомов тврди дека детонацијата се случила во магацин со пиротехнички средства.
Точната причина за експлозијата е нејасна. Според прелиминарните податоци, причина за експлозијата не бил напад со дрон. Наводно, до детонацијата дошло поради „нарушување на работниот тек“. Во последните недели нападите со камикази-дронови сеат страв во руската престолнина. Во јули неколку пати го погодија деловниот центар на Москва, а на почетокот на јуни ги нападнаа домовите на руските разузнавачи.
Раководството на оваа област близу Москва нареди целосна евакуација на сите постројки.
Очевидци изјавиле за локалните медиуми дека слушнале чуден звук на свиреж пред експлозијата да го потресе градот. Иако Владата веднаш го негираше нападот со дрон, некои сведоци тврдат дека виделе непознат објект како лета кон фабриката.
„Нешто влета внатре. Прво имаше свиреж, потоа трепкаа светла и експлозија. Имаа магнезиум и барут таму“, рекол еден сведок за руските медиуми.
Оптичко-механичката фабрика Zagorsk е водечки руски производител на оптички и оптоелектронски уреди за Министерството за одбрана на Русија и здравствената индустрија.