ВИДЕО | УЧЕНИЧКА ЈА ПОГОДИЛА ПРОФЕСОРКАТА СО СТОЛ ВО ГЛАВА – Снимка од ужасно насилство во училиште ги згрози сите, погледнете!

Снимка од насилство од училиште во Мичиген ја шокираше американската јавност кога беше објавена на социјалните мрежи. 

Наставничката се нашла среде расправија меѓу учениците, обидувајќи се да ја смири ситуацијата, но она што не можела да го очекува е дека и самата ќе биде повредена, и тоа многу сериозно.

Имено, еден ученик ја снимил расправијата на својата школска другарка со, најверојатно, друга ученичка која не се гледа во кадарот. Она што може да се види е средношколка која видно вознемирена вика на цел глас, додека наставничката стое помеѓу обидувајќи се да ја смири ситуацијата.

Сепак, никој не можел да очекува што се случи следниот момент кога разбеснатата ученичка се фати за стол и ја погоди наставничката директно во главата. Таа од силината на ударот паѓа на подот, а учениците кои биле во близина почнуваат да врескаат, но и покрај повредената наставничка меѓу нив доаѓа до нова кавга, а целиот овој инцидент можете да го погледнете ОВДЕ.

Неименуваната наставничка била итно пренесена во болница и пуштена истиот ден, според Кевелин Џонс, директор на средното училиште во заедницата Флинт.

Видеото има повеќе од 8 милиони прегледи на социјалните мрежи Фејсбук и X (Твитер), а локалните политичари го искористија насилството во училиштата како показател за лошиот образовен систем во државата.