ВИДЕО | УШТЕ ЕДНА СОМНИТЕЛНА АВИОНСКА НЕСРЕЌА – Објавена е првата снимка од падот на џиновскиот авион поврзан со Вагнер: “Леталото експлодираше“

Транспортен авион Il-76 поврзан со руската платеничка група Вагнер се урна викендов во Мали во близина на градот каде што се стационирани приватни армиски трупи. Авионот се урна во близина на аеродромот во Гао.

И три дена по несреќата малку се знае за деталите. Познатиот профил на социјалната мрежа ТелеграмGREY ZONE поврзан со Вагнер објави дека авионот на никаков начин не е поврзан со платениците, а од Африка пристигнува информација дека внатре се транспортира воена опрема.

Денес истиот порфил самиот ја објави снимката од несреќата. На видеото јасно се гледа дека Il-76 слетал на пистата, но не можел да запре. По неколку секунди, авионот експлодирал, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.