ВИДЕО | ФАНТАСТИЧНО ЕЛ КЛАСИКО: Мајсторија на Џуд Белингем, Роберт Левандовски постигна гол, а Винисиус Јуниор со хет-трик испиша историја

Реал Мадрид е победник на шпанскиот Супер Куп. Одличен натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона одиграа двете најдобри шпански екипи, а конечниот резултат на натпреварот гласеше 4:1 во корист за екипата од Мадрид.

Кралскиот клуб“ беше предводен од Винисиус Јуниор а Џуд Белингем маестрално ја надигра одбраната, ги исфрли сите, а самиот Винисиус Јуниор истрча пред голманот Пена и погоди за 1:0. Веќе во 10. минута предноста беше удвоена. Повторно Реал Мадрид ја искористија високата бековска линија на БарселонаКарвахал играше покрај Родриго, а овој лесно му асистираше на Винисиус Јуниор за вториот гол на Бразилецот.

Голот за 1:0 погледнете го ТУКА, а за 2:0 ТУКА.

Натпреварот да не оди целосно во еден правец се погрижи Роберт Левандовски. Полјакот постигна фантастичен гол, на работ од шеснаесетникот кога наиде на топката при удар од волеј. Во 39. минута Реал Мадрид повторно ја удвои предноста. Винисиус Јуниор беше соборен во шеснаесетникот, а истиот играч го реализираше пеналот и со тоа си обезбеди хет-трик пред крајот на полувремето.

Голот за 2:1 погледнете го ТУКА, а за 3:1 ТУКА.

Родриго го постигна четвртиот, заклучен гол кој го реши натпреварот за Реал МадридВинисиус Јуниор се проби по левата страна, топката се одби до Бразилецот во шеснаесетникот, а тој мирно ја смести топката во мрежата.

Голот погледнете го ТУКА.

слика

Во 71. минута Арахуо беше исклучен поради втор жолт картон. Реал Мадрид мирно го приведе натпреварот до последниот судиски свиреж. Треба да се напомене дека со хет-трик во првото полувреме Винисиус Јуниор стана единствениот играч во 21 век со три гола во првото полувреме на Ел Класико.