“НЕМА ДА СЕ СОГЛАСАМ НА НИШТО“ – Еве како Килијан Мбапе бил “уценет“ од сопствената мајка: “Му реков дека мора да даде 30 отсто од платата!“

Килијан Мбапе и неговата мајка Фајза Ламари се предмет на бројни медиумски написи практично во секој преоден рок. Фајза Ламари, имено, го претставува нејзиниот син и во фудбалските кругови е позната како тежок преговарач. Но, изгледа дека е таква и во разговорите со синот.

Му реков дека мора да даде најмалку 30% од платата, дека нема да се согласам на ништо помалку или ќе се пензионирам, ќе одам на Малдиви или некаде слично и ќе престанам да работам за него“, кажа Фајза Ламари при презентацијата на фондацијата „Inspired by KM“.

Оваа фондација ќе се грижи за децата и младите со тоа што ќе им стипендира за различни активности.

На почетокот му кажав дека мора да биде 50%, но разговаравме и дојдовме до 30%“, изјави Фајза Ламари.

Со оваа фондација Килијан Мбапе и неговото семејство сакаат на надарените млади да им овозможат пријатен и нормален живот, без жртви, а токму францускиот фудбалер пред неколку дена истакна колку му недостасува нормален живот.

Би платил многу пари за да можам да одам во пекара да купам леб или да правам слични работи што ги прават нормалните луѓе. Ја изгубив спонтаноста, се околу мене е обмислено“, изјави Килијан Мбапе.