Ливерпул и Арсенал играат дерби во 18. коло од Премиер лигата, а во 33. минута се случи бизарна ситуација.
На еден дуел со играч на Арсенал, левиот бек на Ливерпул Константинос Цимикас заврши надвор од теренот и се судри со својот тренер Јирген Клоп. Цимикас во тие два дуели помина полошо, при што го повреди рамото.
Грчкиот фудбалер не можеше да го продолжи натпреварот по судир со тренерот, па Клоп го внесе во игра Џо Гомез.