„ВЕТЕРОТ ГО НИША АВИОНОТ КАКО ПЕРДУВ!“ Снимката од борбата на пилотот со невремето ОСТАВА БЕЗ ЗДИВ (ВИДЕО)

Деновиве на социјалните мрежи се појави видео од неверојатната борба на фински пилот со силни налети на ветер при слетување на аеродромот во Манчестер, Англија.

На снимката од Airliners Live, авионот може да се види како лебди во воздухот над пистата, а во еден момент, непосредно пред тркалата да го допрат асфалтот, се оддалечи на страна.

Инцидентот се случил во четвртокот наутро, а портпаролот на аеродромот потврдил дека тој ден повеќе од 10 авиони биле пренасочени на други аеродроми поради силниот ветер.