ЛУКАШЕНКО ГО ШОКИРАШЕ СВЕТОТ: Кој сака да има нуклеарно оружје, нека влезе во сојузот на Русија и Белорусија, НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ЌЕ ИМА ЗА СИТЕ

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги повика оние кои сакаат да имаат нуклеарно оружје да се приклучат на унијата на Русија и Белорусија.

„Ако никој не е против фактот дека Казахстан и другите земји имаат толку блиски односи, како што имаме ние со Руската Федерација, работите се едноставни. Унијата на Белорусија и Русија е отворена за секого, и затоа, ќе има нуклеарно оружје за сите Белорускиот лидер во интервју со новинарот Павло Зарубин, кој објави дел од интервјуто на својот канал Телеграм.

Лукашенко додаде дека кажаното е негово мислење, а не мислење на Русија.

ракета Sarmat, Sarmat

Потпишан во 1999 година, Договорот за основање на Федералната држава Белорусија и Русија ја воспостави правната основа за широк сојуз кој вклучуваше економска, ИТ, технолошка, земјоделска и гранична безбедност, меѓу другото, меѓу двете земји.

Не беше јасно колку е отворена поканата на Лукашенко за приклучување, а тој не понуди други детали. Но, неговите коментари за споделување нуклеарно оружје со истомисленици веројатно ќе предизвикаат загриженост бидејќи Москва му се заканува на светот со сопствен атомски арсенал, според Си-Ен-Ен.

Во четвртокот, белорускиот претседател изјави дека започнал трансферот на одредено тактичко нуклеарно оружје од Русија во Белорусија, по договорот потпишан од Москва и Минск.

„Потребно беше да се подготват магацини и слично. Ние го направивме сето ова. Затоа, распоредувањето на нуклеарното оружје започна“, рече Лукашенко, пренесе државната новинска агенција Белта.

Тој исто така вети дека оружјето ќе биде безбедно:

„Не се ни дискутира. Не грижете се за нуклеарното оружје. Ние сме одговорни за ова. Ова се сериозни прашања. Сè ќе биде добро овде“.