ВИДЕО | Халанд се посрамоти како никогаш претходно во кариерата! Норвежанецот се смееше сам на себе поради ова – погледнете што направи
Навикнати сме да го гледаме Ерлинг Халанд како се радува по постигнувањето голови, но Норвежанецот не им даде причина за славење на навивачите на Манчестер Сити во првото полувреме од натпреварот против Лидс во Премиер лигата.
Се играше 34. минута кога Ерлинг Халанд доби одлична ситуација за да постигне гол, но се посрамоти како никогаш досега во кариерата. Излезе сам пред голманот на гостите, но го промаши, жаргонски кажано, целиот гол, а тогаш од мака и самиот фудбалер почна да си се смее сам на себе.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ШАНСАТА НА ХАЛАНД ОВДЕ.
За негова среќа проработи тандемот Марез – Гундоган, па „Граѓаните“ во првите 45. минути стекнаа два гола предност во многу важен натпревар во борбата за шампионската титула. Конечниот резлутат на натпреварот заврши со 2:1.