Жестока најава има финалето во Купот на Кралот. Низ улиците на Севилја се судрија ултрасите на Реал Мадрид и Осасуна.
Шпанските медиуми објавија дека низ централните улици на Севилј владее целосен хаос. Полициските сили мораа да реагираат за да спречат понатамоѓна ескалација.
На социјалните мрежи се појавија видео снимки од тепачка меѓу две групи хулигани. Во тепачката се користеа и столчиња од блиските кафулиња.
Реал и Осасуна финалниот натпревар во Купт на Кралот, на стадионот „Ла Картуха“ ќе го започнат во 22 часот.