Какви здравствени проблеми може да имате ако не пиете доволно вода?

Препорачаната дневна количина на вода за мажи е 3 литри, а за жени 2,2 литра. Доколку не ја следите оваа препорака, може да наидете на неколку здравствени проблеми.

Иако постојат многу причини за главоболка, дехидрацијата е главниот виновник. За да избегнете главоболки во иднина, пијте вода во текот на денот наместо да чекате поради жед да се чувствувате лошо, пренесува Eat This, Not That. Кога не пиете доволно течности се јавува и тврда столица.

Доколку сте љубител на кофеин и пијалаци заситени со шеќер, имајте на ум дека треба да се трудите почесто да консумирате вода. Тоа ќе ви помогне да го избегнете чувството на ненадеен недостаток на енергија што обично се јавува еден час или два по пиењето на нездрав пијалоак.

Лекарите докажале дека метаболизмот на учесниците во истражувањето се зголемил за 30% откако испиле само половина литар вода. Доколку се обидувате да ослабете, водата особено ќе ви помогне во овој процес.

Не можете да се фокусирате на задачата што е при рака? Ова може да биде поврзано со дехидрација. Водата сочинува дури 80% од мозокот, а дури и мал недостаток од неа негативно влијае на меморијата и вниманието.

Ако веќе забележувате поголем пулс од вообичаено, тоа може да биде предизвикано од недоволна потрошувачка на вода. Просечниот нормален пулс во мирување за возрасен се смета дека е помеѓу 60 и 100 отчукувања во минута.

Кога не пиете доволно течности, вашето срце мора да работи понапорно за да пумпа крв низ вашето тело, што предизвикува побрзо чукање. За да му овозможите на вашиот кардиоваскуларен систем да работи поефикасно, започнете го денот со многу течности и редовно посегнувајте по вода во текот на денот.