ВИДЕО | Хаотична сцена од Вучиќ и Брнабиќ се шири како ‘шумски пожар’ на Интернет: “Месечината е во Меркур и затоа градиме автопатишта…“
За време на отворањето на првиот дел од Моравскиот коридор од Појат до Марешан во соседна Србија, премиерката Ана Брнабиќ и српскиот претседател Александар Вучиќ се присетија на анегдота поврзана со директорот на „Патишта на Србија“, Зоран Дробњак.
Имено, тој во февруари им кажа на новинарите дека „Месечината е во Меркур“ и дека „им им помага да градат нови патишта“.
Во саботата, за време на возењето со новинарите во панорамски автобус, претседателот на Србија откри дека „Зоран Дробњак е експерт за хороскопи“ и дека, бидејќи зборувал за „Месечината во Меркур“, тие секој пат се шегуваат со тоа.
„Зоран Дробњак е експерт за хороскопи. Секогаш кога има проблем, велиме ‘Месечината е во Меркур’. Дробњак вика, може ли да одам на телевизија, велам можеш, но пофали не како правиме и автопати…“, почнал да зборува претседателот на Србија. На ова веднаш се надоврза и премиерката на Србија, која раскажа како тој ден заедно го гледале Зоран Дробњак; „Го слушавме Дробњак, автопатот оди добро, потоа се отворавме до клучката Паковрач, добро оди и инвестираме многу, но Месечината е во Меркур и тоа ни помага во изградбата на патишта“. На ова, претседателот на Србија ја погледна премиерката и и порача – „каква Месечина, каков Меркур, човече, знаеш ли колку пари вложуваме“.
„За каков Меркур зборуваш човече божји, ние даваме пари, народот дава пари, знаеш какви лудаци имаме сите што зборуваат за Меркур и не знам зошто“, додал Александар Вучиќ.
За да биде целата работа посмешна, со нив во панорамскиот автобус се возел Дробњак, кој немал поим дека Брнабиќ и Вучиќ разговараат со новинарите за него.