ВИДЕО | Хитот кој сите се уште го пееме на нашиот Тоше Проевски крие страшна вистина – оваа песна ја напишал затвореник, кој издржувал казна за убиство и ја посветил на…
Еден од најдобрите и најуспешни пејачи во историјата на нашата татковина, но и на Балканот, Тоше Проески остави голема трага во домашната музика, а често многумина знаеа да кажат дека имал ангелски глас, а неговите песни се популарни и денес, 15 години по неговата смрт.
Малкумина знаат дека една од најубавитепесни на Тоше Проески што ја пеел е „Соба за тага“ и дека ја напишал затвореник кој издржувал казна за убиство на љубовницата и ја посветил токму на неа.
Подоцна тој текст стигнал до тимот на Тоше Проески, кој му предложил на пејачот да го отпее овој текст.
Како што објавуваа тогаш медиумите, авторот на овој текст не побарал никаков паричен надоместок, а единствено што побарал е посвета на оригиналниот албум, која ја добил.