ВИДЕО | ХОРОР ВО САД – Соседите слушале чудни звуци од куќата, а кога полицијата влегла внатре затекнала вистински ужас: Кога виделе што оваа жена има околу нејзиниот врат останале во целосен шок…

Полицијата во американскиот град Луисвил во сојузната држава Кентаки, објави застрашувачка видео-снимка од спасување на жена која од страна на мажот со кој има дете била врзана со синџири за подот од куќата во која живееле.

Видеото е снимено со камера која еден од полицајците кои учествувале во спасувањето ја носел на градите, а американските медиуми ја споделија јавно.

Луисвил, Кентаки

New York Post наведува дека Мозес Меј (36 г.) ја оставил сопругата врзана два дена во куќата.

Полицајците се качиле низ прозорецот на првиот кат од трошната куќа, откако соседите им се јавиле дека слушнале жена како вика и моли за помош.

Полицијата во Луисвил во соопштението навела дека најпрвин се обиделе да ја пробијат влезната врата и прозорците на приземјето, но набрзо сфатиле дека се е забарикадирано, пренесуваат тамошните медиуми.

Луисвил, Кентаки

Жената некако успеала да отвори прозорец на подот каде што била заробена.

Имам скала“, извикал еден од соседите од толпата што се насобрала на улицата пред куќата.

Полицајците се искачиле и влегле во валкана спална соба низ прозорецот и виделе жена со синџир околу вратот со катанец закачен на подот.

Луисвил, Кентаки

Тие се обиделе да ја смират, додека таа плачела и им се извинувала на полицајците. На видеото се слуша како жената им кажува на полицајците дека мажот кој ја врзал со себе го имал клучот од катанецот.

Полицајците виделе секира со која го скршиле синџирот и ја ослободиле жената, која веднаш била прегледана од доктори од Итна помош.

Вознемирувачкото видео можете да го погледнете ОВДЕ.

Се вели дека Мозес Меј бил уапсен два дена откако полицијата ја спасила жената. Ја врзал со синџири еден ден откако се расправале и ја закачил на подот во бањата, при што со мачета и ја отсекол речиси целата коса.