ВИДЕО | ХОРОР – Маж го удрило гром во глава на пазар и починал на лице место – погледнете!

Руската медиумска агенција РИА Новости објави вознемирувачка видео снимка од Краснодар, град на југот на земјата, на која се гледа маж погоден од гром во глава за време на невреме, кој веднаш паѓа мртов на земја.

Russia Today, медиумот кој ја објави оваа снимка, ги објави наводите на локалните власти дека несреќниот 49-годишен маж, по потекло од Симферопол, Крим, дошол на пазарот „Кванташ“ во Краснодар да купи зеленчук таму.

удар на гром, човек погоден од гром, гром
моментот на несреќата

На видеото од надзорната камера се гледа дека несреќата се случила во вторникот половина час по пладне по локално време.

Вознемирувачкото видео можете да го погледнете ОВДЕ.

Соопштено е дека Министерството за вонредни ситуации на Русија и денес издало предупредување за пороен дожд проследен со грмежи и силен ветер за областа Краснодар.